Да се биде инфлуенсер не е лесно. Постојано мора да објавувате интересен материјал и да наоѓате нешто што ќе ги задоволи апетитите на вашите следбеници. За шпанските „Инстаграм“ ѕвезди тоа вклучува и капење во тиркизно езеро, кое всушност е токсичен базен од напуштен рудник.
Гладни за добри фотографии, неколку шпански инфлуенсери скокнале до Монте Неме, „езеро“ во северозападниот крајбрежен регион Карбаљо.
Езерцето можеби изгледа како совршено и мирно место за опуштање и правење фотографии, но тоа всушност е токсично и прполно со опасен хемиски материјал.
Езерото е некогашен базен ан рудник за волфрам, од кој се правело влакното за електричните сијалици.
Една од инфлуенсерките, која се капела во езерото, две недели имала тежок осип и напади на повраќање. Уште неколку биле хоспитализирани поради уштетувања на кожата и дигестивниот тракт, наведува шпанскиот весник Публико.