Инфлацијата во Турција скокна за прв пат по осум месеци

Сподели со своите пријатели

Годишната стапка на инфлација во Турција скокна на 47,8 отсто во јули, од 38,2 отсто во јуни, објави денеска Турскиот институт за статистика – Туркстат.

Loading...

Пазарите очекуваа пораст на инфлацијата во јули, но прогнозираа дека таа ќе биде нешто пониска – 47,3 отсто.

Инфлацијата беше поттикната од порастот на некои даноци, како и падот на турската лира.

Во јули најмногу пораснале цените во хотелите, кафулињата и рестораните на годишно ниво – за 82,62 отсто, како и цените на здравствените услуги за 75,9 отсто, храната и безалкохолните пијалоци за 60,72 отсто, образованието за 53, 57 отсто. проценти, но и транспорт – за 43,4 проценти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Г-20 Рио: Веќе објавена конечната декларација, најавено е формирање на важен сојуз

Годишната основна стапка на инфлација порасна од 47,4 отсто во јуни на 56,1 отсто во јули, што е највисока во последните осум месеци, пренесува Танјуг.

На месечно ниво, цените се зголемени за 9,5 отсто, првенствено транспортните за 17,75 отсто, здравствените услуги за 13,61 отсто, како и цените во хотелите, кафулињата и рестораните за 11,92 отсто.