Инфлацијата во Шпанија во февруари најниска во последните шест месеци

Сподели со своите пријатели

Годишната стапка на инфлација во Шпанија падна од 3,4 отсто во јануари на 2,8 отсто во февруари и сега е најниска во последните шест месеци, објави денеска на својата веб-страница шпанскиот национален институт за статистика (INE).

Loading...

Овој резултат е во согласност со претходната прелиминарна оценка објавена на крајот на февруари.

Цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемени за 5,3 отсто на годишно ниво, услугите во рекреација и култура за 2,8 отсто, облеката и обувките за 1,9 отсто, но во сите споменати случаи растот на цените е побавен во однос на јануари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каков рекорд соборија македонските граѓани на странските берзи?

Наспроти тоа, цените на рестораните и хотелите се зголемени за 5,5 отсто на годишно ниво, алкохолните пијалоци и тутунот за 4,7 отсто, транспортот за 2,4 отсто, а во сите споменати примери растот е нешто побрз од јануари.

Базичната инфлација во Шпанија, исто така, падна во февруари, од 3,6 отсто во јануари на 3,5 отсто на годишно ниво.

На месечна основа, шпанската инфлација се зголеми за 0,4 отсто, објави веб-страницата ИНЕ.