Инфлацијата во Германија само малку забави

Сподели со своите пријатели

Според конечните резултати, годишната стапка на инфлација во Германија во јули забави на 6,2 отсто, од 6,4 отсто во јуни, објави денеска германската Федерална статистичка служба – Дестатис.

Loading...

Овој резултат е во согласност со претходните пазарни прогнози и блиску до 14-месечен минимум од 6,1 отсто, што беше забележан во мај.

Исто така, споменатата бројка е во согласност со претходната прелиминарна проценка, која беше објавена на 28 јули.

Во јули е забележан побавен раст на цените на стоките на годишно ниво – за седум во однос на јунските 7,3 отсто, пред се поради малку побавниот раст на цените на храната – за 11 отсто во однос на јунските 13,7 отсто, покажуваат веб-страница на агенцијата со седиште во Визбаден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Филипините потпишаа договор за споделување на доверливи воени информации и технологии

Наспроти тоа, цените на енергетските производи пораснаа во јули – за 5,7 отсто наспроти три отсто во јуни, додека цените на услугите пораснаа за 5,2 отсто, практично исто како и во јуни.

Годишната стапка на базичната инфлација во Германија исто така падна, на 5,5 отсто од јунските 5,8 отсто. На месечна основа, цените во јули пораснале за 0,3 отсто во однос на јуни – исто како и претходниот месец.