Инфлацијата во еврозоната конечно стивнува

Сподели со своите пријатели

Трошоците за живот во еврозоната продолжуваат да растат, но цените пораснаа во март побавно отколку во претходниот месец, објави Евростат.

Loading...

Годишната стапка на инфлација во март изнесува 2,2 отсто, по февруарските 2,3 отсто.

Во однос на февруари, малопродажните цени на стоките и услугите се зголемени за 0,6 отсто.

Податоците на Евростат се во согласност со прелиминарните проценки, пренесува SEEbiz.

Инфлацијата првенствено ја потисна цената на енергенсите која падна за еден процент од март минатата година. Дополнително, цената на услугите поскапе помалку од претходните месеци.

Базичната инфлација, која не ги зема предвид цените на енергијата и храната склони кон ненадејни движења, падна на 2,4 отсто, од 2,6 отсто во февруари.

Европската централна банка (ЕЦБ) цели на долгорочна инфлација од два отсто. Со забавување на инфлацијата по три години силен раст на цените, се очекува ЕЦБ денеска повторно да ја намали референтната каматна стапка, откако на почетокот на март ја намали за 0,25 отсто.