Инфлацијата во ЕУ на историски највисоко ниво

Сподели со своите пријатели

Европската комисија (ЕК) предвидува раст на економијата на Европската унија (ЕУ) оваа година од 2,7 отсто, додека за следната се предвидува пад до 1,5 отсто.

Loading...

ЕК во својата летна економска прогноза наведе дека просечната годишна инфлација годинава ќе достигне историски максимум од 7,6 отсто во еврозоната и 8,3 отсто во ЕУ, пред да се намали во следната година на четири или 4,6 отсто.

Комесарот за економија, Паоло Џентилони, презентирајќи ја најновата економска прогноза за ЕУ ​​и за еврозоната, истакна дека војната меѓу Русија и Украина продолжува негативно да влијае на економијата на Унијата, ставајќи ја на пат на помал раст и повисока инфлација во споредба на претходната пролетна прогноза, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силна експлозија во фабрика во Болоња, едно лице загина

„Активностите на Москва го нарушуваат снабдувањето со енергија и жито, ги зголемуваат цените и ја ослабуваат довербата. Во Европа, моментумот на повторно отворање на нашите економии ќе го поддржи годишниот раст оваа година, но за следната година значително ја ревидиравме нашата прогноза. Се очекува рекордно високата инфлација да достигне врв подоцна оваа година и постепено да се намалува во текот на следната година“, објасни Џентилони.

Тој предупреди дека развојот на војната во Украина, особено снабдувањето со гас во Европа, како и можноста за повторно засилување на пандемијата на коронавирус, претставуваат ризик и за развојот на европската економија и за натамошната инфлација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пакистанската армија уби девет бунтовници во северозападниот дел на земјата

Истовремено, во Брисел укажуваат дека неодамнешните надолни трендови на цените на нафтата и другите стоки би можеле да се интензивираат, што би довело до побрз пад на инфлацијата од моментално очекуваното.

Исто така, се додава дека, благодарение на силниот пазар на труд, приватната потрошувачка во Европа би можела да се покаже поотпорна на поскапувањата, доколку домаќинствата користат повеќе од своите акумулирани заштеди.