Инфлацијата во Австрија, најниска во последните две години

Сподели со своите пријатели

Според прелиминарните проценки, годишната стапка на инфлација во Австрија во февруари паднала од 4,5 отсто во јануари на 4,3 отсто, објави денеска на својата веб-страница австриското биро за статистика.

Loading...

„Тоа е најниската стапка на инфлација од декември 2021 година, при што цените на храната моментално влијаат на инфлацијата многу помалку отколку пред една година“, рече извршниот директор на Статистика Австрија, Тобијас Томас.

Тој наведе дека цените на горивата останале на исто ниво како лани, додека цените на енергенсите за домаќинствата растат со побавно темпо поради ефектот на високата основа од февруари 2023 година, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новата мерка за практиканство обезбедува три месеци платена обука за 1.352 млади

Се проценува дека потрошувачките цени во февруари пораснале за 0,7 отсто, се заклучува во соопштението на Статистика Австрија.