Инфлацијата е превисока, Америка ги зголемува каматите

Сподели со своите пријатели

Централната банка ќе преземе силни мерки против инфлацијата, која го загрозува силното економско закрепнување на Америка, изјави претседателот на американската централна банка Џером Пауел.

Loading...

„Пазарот на трудот е многу силен, но инфлацијата е превисока“, рече Пауел во говорот пред членовите на Националната асоцијација за бизнис економија.

 

Градоначалникот на Бориспол ги повика цивилите да го напуштат градот

 

Неговото обраќање доаѓа помалку од една недела откако ФЕД ја зголеми референтната каматна стапка за прв пат по повеќе од три години во обид да се справи со инфлацијата, која е на највисоко ниво во последните 40 години.

Пауел ја повтори позицијата, изразена минатата среда од Федералниот комитет за операции на отворен пазар по состанокот, дека зголемувањето на каматните стапки ќе продолжи се додека инфлацијата не биде под контрола.

Тој додаде дека зголемувањата, доколку е потребно, може да бидат и повисоки од 0,25 отсто, како што беше одобрено на мартовската седница.

Loading...

 

Градоначалникот на Бориспол ги повика цивилите да го напуштат градот

 

„Ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да обезбедиме враќање на стабилноста на цените. Ако заклучиме дека е потребно поагресивно зголемување на каматните стапки на федералните фондови за повеќе од 25 базични поени, ќе го направиме тоа“, рече тој.

По обраќањето на Пауел, акциите на Волстрит паднаа на најниско ниво, додека приносите на американските државни обврзници пораснаа.

Инфлацијата во САД, мерена преку индексот на потрошувачките цени, во февруари достигна 7,9 отсто на годишно ниво, додека базичната инфлација, која ФЕД ја претпочита како важен параметар при одлучувањето за монетарната политика, изнесува 5,2 отсто.

 

Исчезнал пред 10 години, а неговото тело сега е пронајдено во замрзнувач во лондонски паб

Loading...

 

Стапката на инфлација на американската централна банка е два проценти, а Пауел, како и досега, голем дел од инфлаторните притисоци ги препиша на факторите кои произлегуваат од пандемијата на Ковид.

Тој призна дека претставниците на ФЕД и многу економисти „многу потцениле“ колку долго ќе траат овие притисоци.