Инфективно 2 во кумановската болница на местото на психијатрија и неврологија

Сподели со своите пријатели

Дделот за психијатрија и неврологија при Општа болница Куманово ќе стане Инфективно 2, согласно моменталната состојба со Covid 19 во нашата држава и препораките на Министерството за здравство.

Loading...

– Доколку имате потреба од невролошки преглед, упатете се во стариот Ургентен центар, каде што ќе има достапно дежурен лекар невролог, велат од кумановската болница.

Психијатриски преглед ќе се врши во бараката Центар за зависности, каде што ќе има достапно лекар психијатар и психолог.

– Доколку имате симптоми на Covid-19 или вашиот матичен лекар ве упатува на Инфективно, упатете се на Инфективно одделение при ЈЗУ Општа болница Куманово, каде што ќе се врши тријажа, согласно здравствена состојба на пациентите, појаснуваат од болницата.

Инаку ваквата одлука следува, по зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус во градот и исполнетоста на капацитетите на Инфективното одделение.

Согласно последната статистика во Куманово од почетокот на епидемијата регистрирани се 2.333 случаи, а активни во моментов се 435. Излекувани се 1.810 лица, а починале 88.

Никола Ивановски

Leave a Reply