Сезонски прилагоденото индустриско производство во Европската унија се намали во декември 2025 година за 0,8 проценти во споредба со еден месец претходно, објави денес Евростат.
Статистичкиот завод на ЕУ во првите проценки наведува дека индустриското производство во Еврозоната се намалило за 1,4 проценти во набљудуваниот период.
За споредба, индустриското производство во ноември 2025 година се зголемило за 0,3 проценти во еврозоната и се намалило за 0,1 процент во Европската унија.
Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, најголемите месечни намалувања се забележани во Словачка (4,9 проценти), Германија (2,9 проценти) и Шпанија (2,6 проценти).
Најголемо зголемување е забележано во Луксембург (6,4 проценти), Шведска (4,4 проценти) и Малта (4,2 проценти).
Во декември 2025 година, во споредба со периодот од претходната година, индустриското производство се зголемило за 1,2 проценти во Еврозоната и за 1,4 проценти во ЕУ.
Просечното годишно индустриско производство за 2025 година, во споредба со 2024 година, се зголеми за 1,5 проценти и во еврозоната и во Европската унија, пренесува Танјуг.

