Бројот на жртвите од поплавите и одроните во провинцијата Западна Суматра во Индонезија се зголеми на 26, додека 11 лица се водат како исчезнати, соопштија денеска локалните власти.
Монсунските дождови и надојдените реки поплавија девет области во провинцијата Западна Суматра во последните неколку дена, јавува АП.
Напорите за помош се отежнати поради прекините на електричната енергија, оштетените мостови и патиштата блокирани од густата кал и остатоци, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи.
Агенцијата наведува дека, по монсунските дождови, калта и тињата затрупале повеќе од 37.000 згради во Западна Суматра, како и дека биле оштетени 26 мостови, 45 џамии и 25 училишта.
Обилните дождови предизвикуваат чести одрони и поплави во Индонезија, архипелашка држава со повеќе од 17.000 острови.