Индонезија: 19 мртви во тепачка и пожар во бар

Сподели со своите пријатели

Најмалку 19 лица загинаа во пожар што избувна рано утринава во караоке бар во индонезиската провинција Западна Папуа, по тепачка меѓу ривалски банди, соопшти полицијата.

Едно лице е смртно избодено со нож пред да биде запален барот со најмалку 18 лица кои останале заробени внатре, изјави полициски претставник, пренесува Ројтерс.

Полицијата соопшти дека тепачките меѓу младите се вообичаени, но дека ова е првпат да има толку многу мртви.

Околностите на несреќата се истражуваат, а сѐ уште не се знае дали бројот на загинатите е конечен.