Индискиот премиер Моди за првпат на средба со германскиот канцелар Шолц во Берлин

Сподели со своите пријатели

Индискиот премиер Нарендра Моди следната недела првпат ќе разговара со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, објави во средата Министерството за надворешни работи на Њу Делхи.

Заедно, тие ќе ги надгледуваат консултациите на владино ниво со цел продлабочување на стратешките односи меѓу Индија и Германија, соопшти Министерството.

 

Лондон: Украина има контрола над поголемиот дел од нејзиниот воздушен простор

 

Моди потоа ќе отпатува во Франција на разговори со Емануел Макрон, за прв пат откако францускиот претседател беше реизбран, се додава.

Индија избра неутрален став за војната во Украина. Таа не ја осуди руската инвазија и не ги поддржува последователните санкции наметнати на Москва.

 

Реакција на ЕУ: Русија повторно уценува со гасот

 

Откако започна војната, Индија го зголеми купувањето на поевтина нафта од Русија. Исто така, во голема мера се потпира на Москва за воена опрема и резервни делови.