Индиски воен брод се упати кон киднапираниот брод кој пловел под либериско знаме во Арапското Море, а индиски авион внимателно ја следи ситуацијата, соопшти денеска индиската морнарица.
Најмалку 15 индиски членови на екипажот се наоѓале на бродот што беше киднапиран во близина на брегот на Сомалија, за што морнарицата добила информација во четвртокот вечерта, објави индиската новинска агенција ANI, цитирајќи воени претставници.
Бродот испратил порака до британскиот портал за поморска трговија дека пет до шест непознати вооружени лица се качиле на бродот под либериско знаме во четвртокот вечерта, соопшти индиската морнарица, пренесе Ројтерс.
Индиската морнарица го засили надзорот во Арапското Море по серијата напади во регионот. Претходно оваа недела, индиската морнарица соопшти дека истражува голем број бродови во Арапското Море.
Индискиот министер за одбрана Рајнат Синг минатиот месец изјави дека Индија ќе ја обезбеди безбедноста на поморската трговија во регионот, пренесува Танјуг.