Не сите држави времето го сметаат по грегоријанскиот календар и не ја слават Новата година на 1 јануари, туку некој друг ден. Во некои земји се слави само еднаш, а во Индија дури десет пати.
Индија е земја со мношто разични култури и религиозни групи. Затоа во Индија постојат неколку нови години. Многумина слават Нова година на 1 јануари, но постојат уште околу десетина други нови години, кои се во текот на годината и кои се поврзани со одредени хиндуистички или будистики ритуали.
Во Саудиска Арабија, Новата година се слави на 21 март по исамскиот календар. Тие не го користат грегоријанскиот календар, за разлика од останатите околни исламски држави, а ниту пак гледаат потреба од славење на 1 јануари, затоа што тоа не им е почеток на годината. Имено, пред дочекот на 2014 година, саудиската верска полиција, која патролира низ градот во потрага по луѓе кои ги кршат верските правила, предупредила дека никој не смее да ја слави Новата година на 1 јануари, а на продавниците им било забрането да продаваат било какви производи кои потсетуваат на новогодишна прослава.