Полицијата во Асам уапси повеќе од 1.800 мажи поради венчавка или склучување бракови со малолетни девојчиња, со што, како што изјави денеска премиерот на источната индиска држава Химанта Бисва Сарма, започна тековната акција против оваа практика.
Полицијата почна да апси во четвртокот вечерта, а беа уапсени и луѓе кои помагаа да се регистрираат такви бракови во храмовите и џамиите, изјави Сарма за Ројтерс.
„Детскиот брак е примарна причина за детска бременост, која е одговорна за високите стапки на смртност на мајките и доенчињата“, рече тој.
Браковите под 18 години се нелегални во Индија, но законот не се спроведува.
Според Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), речиси 1,5 милиони девојчиња помлади од 18 години се мажат секоја година во Индија.