Индиската управа за аеродроми денес соопшти дека повторно отворила 32 аеродроми кои беа затворени за време на конфликтот со соседен Пакистан, по прекинот на огнот што стапи на сила во саботата.
Во соопштението се вели дека 32 аеродроми сега се отворени за цивилни авиони, објави Ројтерс.
Аеродромската управа на Пакистан целосно го отвори својот воздушен простор во саботата.
Најголемата индиска авиокомпанија, „ИндиГо“, објави дека постепено ќе ги обнови летовите на претходно затворените линии.
Воздушниот сообраќај меѓу поголемиот дел од Индија и Пакистан е суспендиран од ноќта на 7 мај, кога Индија нападна цели во Пакистан како одмазда за терористичкиот напад на 22 април во индискиот Кашмир, во кој загинаа 26 туристи, во кој Пакистан е обвинет за вмешаност, што земјата го негира.
Примирјето беше постигнато со посредство на Соединетите Американски Држави.