ИНДИЈА: Невестите од министерот добија дрвени палки за да ги тепаат пијаните сопрузи

Сподели со своите пријатели

Индискиот министер Гопал Бхаргав на штотуку венчаните Индијки им врачил стотици дрвени палки, повикувајќи ги да ги корситат како оружје во случај мажите да се свртат кон алкохолот и започнат да ги злоставуваат.

Министерот палките долги 30-ина сантиметри, кои инаку се користат за перење алишта во традиционалните пералници, ги наменил за околу 700 невести, а врачени им се на масовната венчавка која ја организирала владата на средишната индиска држава Мадхја Прадеш во сабота.

На палките биле испишани пораки како „За тепање пијаници“ и „Полицијата не мора да интервенира“.

Министерот невестите ги советувал најпрвин да разговараат со мажите, додавајќи дека би требало „да пуштат палките да зборуваат“, ако мажите не сакаат да слушаат. Порачал околу 10.000 палки за распределба на невестите.

Инаку, многу индиски држави воведоа остри мерки против алкохолизмот во изминатите години, забранувајќи или ограничувајќи ја продажбата на алкохол во обид да се намали насилството потикнато од конзумирањето алкохолни пијалоци.

 

Loading...