Индиските воздухопловни сили планираат да го направат првото тестирање на својот противвоздушен ракетен систем С-400, кој Индија го купи од Русија.
Loading...
Портпаролот на индиското Министерство за одбрана изјави дека е планирано да се истрела една ракета со краток или среден дострел врз воздушна цел со брзо движење, пренесува India Today.
Тој додаде дека индиските вооружени сили извршиле лансирање со С-400 за време на тестирањето на системот во Русија, но дека системот сè уште не бил тестиран во Индија.
Русија и Индија го потпишаа договорот за набавка на С-400 во октомври 2018 година. Индија плати 5,43 милијарди долари за пет системи С-400.