Индија лани увезла десет пати повеќе руска нафта

Сподели со своите пријатели

Индискиот увоз на руска нафта се зголемил за десет пати минатата година, покажуваат податоците на индиската државна банка „Bank of Baroda“.

Loading...

Судејќи според билансот на состојба, третата по големина азиска економија заштедила околу пет милијарди американски долари со купување на руска нафта, пренесува SEEbiz.

Веста доаѓа во време кога западните земји драстично го намалуваат увозот на енергија од Русија по минатогодишната руска инвазија на Украина.

Русија продава енергетски производи по намалена цена на земји како Кина и Индија, која е трет најголем увозник на нафта во светот.

Во 2021 година, руската нафта сочинуваше само два отсто од годишниот увоз на сурова нафта во Индија, но денес тој удел е речиси 20 отсто, според Банката на Барода.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: А што ако атентаторот на Трамп работел за режимот во Киев?

Минатата финансиска година, Индија заштеди околу 89 американски долари по тон сурова нафта купувајќи ја од Русија.

И покрај притисокот од Соединетите Американски Држави (САД) и Европа, Индија одби да се приклучи на западните санкции против Русија. Њу Делхи, исто така, не ја осуди експлицитно руската инвазија на Украина.

Индија го брани купувањето руска нафта бидејќи, како земја зависна од увоз на енергија и дом на милиони луѓе кои живеат во сиромаштија, не е во позиција да плаќа повисоки цени.

Loading...

Од почетокот на војната, Европа увезла шест пати повеќе руска енергија од Индија, предупреди индискиот министер за надворешни работи Субраманиам Џаишанкар во ТВ интервју минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Ученик со чекан нападнал професори и соученици

„Европа успеа да го намали увозот, но на начин кој сè уште е корисен за неа. Ако е прашање на принцип, зошто Европа не ја прекина испораката на руски енергетски производи уште првиот ден“, праша Јаишанкар.

Бидејќи на војната не ѝ се гледа крајот, некои аналитичари очекуваат Русија да продолжи да им нуди евтина нафта на најголемите увозници на енергија во Азија.