Коалицијата на Националната демократска алијанса (НДА) предводена од индискиот премиер Нарендра Моди освои, според прелиминарните резултати, 294 места во парламентот од вкупно 543.
Loading...
Според прелиминарните резултати, опозициската коалиција ИНДИЈА освоила 222 места во парламентот, пишува Гардијан.
Индискиот премиер за време на кампањата постави цел од 400 мандати.
На претходните избори во 2019 година, НДА освои 352 места, а ИНДИЈА освои 94 места.
На парламентарните избори во Индија, кои почнаа на 19 април и се одржаа во седум фази, право на глас имаа околу 970 милиони гласачи.