Индија: Камион влета во автобус што превезувал работници, 18 загинати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 18 лица загинаа при судир на автобус и камион во северна Индија, пренесува Би-Би-Си.

Несреќата се случила во сојузната држава Утар Прадеш, а станува збор за работници кои се враќале од работа од Харијана кога им се расипал автобусот кај Барабанки.

Некои од работниците сè уште биле во автобусот, а некои спиеле покрај и под автобусот кога утрово налетал камион.

 

Локалната полиција соопшти дека во автобусот имало премногу патници, а работниците спиеле околу автобусот, додека возачот отишол да бара механичар за да го поправи возилото.

– Автобусот најверојатно се расипал затоа што имал околу 140 патници, а неговиот капацитет е само 65 – изјави надзорникот на полицијата.

Најмалку 30 лица биле повредени и пренесени во блиските болници, а некои се здобиле со сериозни повреди.

 

Leave a Reply