Индија ја претекна Кина по бројот на жители?

Сподели со своите пријатели

Индија стана најнаселената држава во светот, утврдил американскиот демограф предизвикувајќи шок меѓу експертите ширум светот.

Ји Фуџиан, академик од Универзитетот Висконстин во Медисон, кој со години се бори против популациската политика на Кина за која и официјално се смета дека има најмногу жители во светот, објави сознанија на конференцијата одржава во Пекинг.

Тој истакнал дека е убеден дека кинеските статистичари последните 26 години бројот на жители го преценувале за околу 90 милиони. Според тоа, бројот на жителите на крајот на оваа година во Кина ќе изнесува 1,29 милијарди. Тој во интервју за „Гардијан“ ги потврдил своите тврдења истакнувајќи дека официјалните статистики според кои во Кина живеат 1,32 милијарди луѓе се неточни.

Мислам дека сега бројот на жители во Кина е 1,29 милијарди, додека во Индија е околу 1,32 милијарди – рекој Фуџиан.

Тој смета дека Пекинг мора да се откаже од рестриктивната популациска политика, во која до 2015 година беше дозволено да се раѓа само по едно дете во семејството, за да се спречи рапидното стареење на популацијата. Убеден е дека неговите сознанија можат да ја поттикант Кинга да се позанимава со најголемиот проблем. Меѓутоа, кинеските и индиските експерти изразиле скептицизам во врска со неговите тврдења.

Ванг Фенг, водејчи демограф од Универзитетот во Калифорнија сметка дека таквите тврдења се сензационалистички и дека имаат политичка позадина.

Се сложувам со него во поглед на популациската политика, но мораме да зборуваме за фактите. Јас би верувал на владините податоци за бројот на жители – рекол Фенг.

Индиските демографи велат дека нивната земја ќе ја престигне Кина, но дури во 2025 година. Бројот на жители во таа држава расте многу брзо и од 1947 година е зголемен дури за четири пати.

 

Loading...