Индија и Кина договорија да ги обноват авионските летови и да разменат новинари

Сподели со своите пријатели

Индија и Кина се согласија да ги обноват директните воздушни линии по речиси пет години, соопшти денеска индиското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Двете страни наскоро ќе одржат состанок за да се договорат за рамката за летовите, соопшти Министерството по средбата меѓу индискиот министер за надворешни работи и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, пренесе Ројтерс.

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ја потврди оваа информација, додавајќи дека на средбата на ниво на заменици министри била договорена и размена на новинари меѓу двете земји.

Односите меѓу Индија и Кина се влошија по конфликтот во 2020 година, по што Индија им отежна на кинеските компании да инвестираат во земјата, забрани стотици популарни апликации и ги суспендираше патничките летови, иако продолжија да работат директни карго летови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три земји погодени од воен удар ја напуштија организацијата ЕКОВАС

Сепак, односите се подобрија во последните месеци со неколку состаноци на високо ниво, вклучително и разговори меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и индискиот премиер Нарендра Моди во Русија во октомври.

За време на состанокот во Пекинг, Ванг Ји му рекол на индискиот министер за надворешни работи Викрам Мисри дека двете земји треба да работат во иста насока, да истражуваат конкретни мерки и да се посветат на меѓусебно разбирање.

Според извештајот на Ројтерс во јуни, кинеската влада и авиокомпаниите побарале од индиските власти да ги обноват директните воздушни врски, но Њу Делхи одби поради гранични спорови.

Индија ја повика Кина да биде транспарентна во своите планови и да не им наштети на интересите на земјите.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Членови на секта во Австралија ускратувале инсулин на 8-годишно девојче. Детето починало!

Кина на вчерашната средба на ниво на заменици министри објави дека двете страни се договориле да ја продолжат соработката во однос на „прекуграничните реки“ и дека наскоро ќе одржат нови состаноци на оваа тема, пренесува Танјуг.