Индија го забрани извозот на ориз

Сподели со своите пријатели

Индија нареди забрана за извоз на значителен дел од нејзиниот најважен извозен производ, оризот.

Loading...

Ова приближно ќе ги преполови испораките на тоа жито од Индија, која е нејзин најголем светски извозник.

Тоа предизвика страв од натамошна нестабилност на светските пазари за храна, пренесува Танјуг.

Владата во Њу Делхи соопшти дека воведе забрана за извоз на бел ориз кој не е басмати, откако малопродажните цени на житото се зголемија за три отсто за месецот, бидејќи доцните, но обилните монсунски дождови направија хаос врз посевите.

Индија сочинува повеќе од 40 отсто од светскиот извоз на ориз, а ниските залихи од други извозници значат какво било намалување на залихите може да ги надува цените на храната, кои веќе беа поттикнати од војната во Украина и нестабилното време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр