Индија добива највисок споменик во светот, мештаните гневни (ВИДЕО)
On:
Сподели со своите пријатели
Статуата на индискиот херој за независноста Сардар Валабхаи Пател, двојно поголема од Статуата на слобода во Њујорк, на претставувањето во среда ќе го чуваат илјадници полицајци поради очекуван протест на локалната заедница.
Спектакуларното претставување на монументалните статуи од 182 метри со чество на борбени авиони и хеликоптери кои би требало да ја опсипат со цвеќе, падна во друг план поради најавата за протести. Незадоволни мештани бараат компензација за земјата која им е одземена за да се постави „Статуата на единството“.
Локалните власти на индиската држава Гуџарат тврдат дека 185 семејства кои се иселиле поради соменикот добиле како оштета 475 хектари нова земја.
За изградбата на статуата на индискиот херо Сардар Валабхаи Пател потрошени се повеќе од 350 милиони евра и четири години работа.
Локалниот шеф на полицијата Абај Чудасма вели дека повеќе од 5.000 полицајци ќе бидат распоредени на различни пунктови во радиус од 10 километри од местото каде се наоѓа споменикот.
Статуата освен што е двојно поголема од онаа на слободата во Њујорк далеку ја надминува и онаа на Буда ви кинеската провинција хенан која како втора по големина има само 128 метри.