Индексот на доларот порасна, нафтениот пазар нестабилен

Сподели со своите пријатели

Курсот на еврото бележи само мали промени во однос на доларот и се тргува по 1,092675 долари.

Loading...

Индексот на доларот, кој ги мери перформансите на САД во однос на шесте најважни светски валути, утринава порасна за 0,22 отсто на 103,19 поени, оддалечувајќи се од најниското ниво во последните седум месеци од 102,15 поени, кое го допре во понеделникот.

Нафтениот пазар се уште е нестабилен, бидејќи инвеститорите се загрижени поради намалувањето на глобалната побарувачка и можниот прекин на испораките на нафта од Блискиот Исток, поради ескалацијата на конфликтите таму.

Цената на барел нафта брент на лондонскиот пазар се намали за 0,3 отсто, на 76,23 долари, а на американскиот пазар за 0,4 отсто, на 72,87 долари.