Инцидент за време на говорот на Лавров во Сочи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Говорот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на сирискиот мировен конгрес во Сочи го прекинаа дел од делегатите.

Тие станаа и ја обвинија официјална Москва з аубиства на цивили во нејзините воздушни напади во Сирија.

Инцидентот, како што јавува Ројтерс, го пренела и државната руска телевизија, а на снимката се гледаат двајца припадници на обезбедувањето како приоѓаат до маж во публиката и му покажуваат дека треба да седне и да се смири.

Останатите делегати на конференцијата во Сочи потоа станаа и започнаа да извикуваат во знак на поддршка кон Русија, рекол соговорникот на Ројтерс кој бил присутен во салата.

Лавров делегатите ги замолил да му дозволат да го заврши својот говор наведувајќи дека и тие ќе имаат свој збор во текот на следните денови, наведува британската агенција.

Како пренесува Тасс, Лавров порачал дека официјална Москва е благодарна на Техеран, Анкара и Обединетите нации за нивните напори да се подготви Конкресот за сирискиот национален дијалог во Сочи.

Loading...