Возило на педесет и двегодишник од Србија било оштетено на автопатот Куманово – Скопје откако од друго возило бил фрлен тврд предмет.
Loading...
– На 12.08.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, С.Ц.(52) од Република Србија пријавил дека околу 13:05 часот на автопатот Куманово – Скопје, додека управувал патничко возило „нисан“ со чешки национални ознаки, го пресретнало друго патничко возило и од прозорец на совозачката страна бил фрлен тврд предмет, кој му го оштетил ветробранското стакло на неговото возило, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски