Инцест, дрога, криминал: Го посети најсиромашниот дел на Америка и се шокираше (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Познатиот Јутјубер Тајлер Оливеира (24) од Калифорнија, неодамна ја посети Западна Вирџинија – држава која е на прво место по стапка на депресија, на второ место по сиромаштија и на четврто по зависност од дрога во цела САД.

Loading...

Тој посети неколку од најсиромашните области, разговараше со мештаните кои отворено зборуваа за сè – од тоа како се забавуваат, бегството од криминалот, но и за широката појава на инцест.

Така, еден од соговорниците на Тајлер рекол дека познава личност која имала се*с со својот коњ, додека друг рекол дека некои мајки имаат „врски со своите синови“.

Јутјуберот документирал сè и го објавил на својот канал, а филмот брзо стана вирален.

Досега има забележано неколку милиони прегледи, пишува Daily Mail.

„Ќе ги посетам најсиромашните градови во Западна Вирџинија, кои некогаш напредуваа поради индустријата за јаглен“, рече Тајлер.

Своето патување го започнал во градот Мартинсбург со околу 19.000 жители.

Еден жител ја опиша областа како „урнатина“ погодена од „проблеми со дрога и бездомници“.

Loading...

„Неодамна се преселив овде и цел ден гледам бездомници како шетаат пред куќата. Доста е тешко, едвај чекам да заминам“, изјави тој.

Друг се согласи: „Има многу дрога. Фентанил, кокаин, крек… Овде лесно се доаѓа до наркотици, а јас лично се борев со тоа“, вели тој.

Кога Тајлер го прашал дали има вистина во приказните дека „инцестот е присутен во заедницата“, еден локален жител одговорил:

„Да, имам роднини кои исто така ми се браќа. Има луѓе кои имаат односи со своите роднини, или со коњи. Не ги осудувам, но тоа не е за мене“.

На прашањето што прават за забава, тој добил одговор:

„На сите ни е досадно и навистина сиромашни. Единственото нешто што можеме да направиме е да се искачиме и да се издигнеме“.

Потоа, Јутјуберот се упати кон Вестон, кој го нарече „најмизерниот град досега“.

Таму дознал дека 90 отсто од жителите се наводно невработени и живеат со инвалидитет.

Loading...

Единствените места каде што можете да се вработите се бензинска пумпа, неколку ресторани и локална самопослуга.

Од мештаните дознал дека дрогата „мет“ е голем проблем и дека навечер може да се видат луѓе кои „лутаат по улиците како зомби“ или да слушнете врисоци.

Тајлер сакал да ја потврди вистинитоста на приказните за инцест, а еден човек одговорил:

„Градот е познат по него. Слушнав дека мајките и синовите се забавуваат“.

Последната станица на младиот Јутјубер беше градот Од, каде меѓу другото живее и семејството Витакер.

Станува збор за семејство за кое се верува дека има „најинцестуозни врски во Америка“.

Има 15 браќа и сестри чии родители се двојни први братучеди. Ова значи дека тие ги делеле двете групи баби и дедовци.

Генетските компликации предизвикале многу проблеми во нивното однесување.

Loading...