Имале намера да бидат духовити, но со овaa oбјава длабоко ги навредиле жените

Сподели со своите пријатели

Иако поводот бил исклучително позитивен, начинот и сексистичката објава што ја објавија предизвика лавина негативни коментари со кои се осудува овој пристап.

Loading...

 

 

Бургер Кинг деновиве на своите социјални мрежи одлучи да го одбележи Денот на жената. Затоа, тие решија да бидат малку смешни, барем мислеа дека ќе испаднат така и се обидоа да соберат што повеќе кликови на провокативен начин. Така, тие напишаа на Меѓународниот ден на жената: „Жените припаѓаат во кујната“.

 

 

Loading...

Според вестите, тие се одлучиле за овој твит како што подоцна објасниле затоа што сакале да привлечат внимание на фактот дека само 20 проценти од готвачите се жени. И Бургер Кинг, желен да го смени тој однос во половите во ресторанската индустрија, објави дека започнуваат нова програма за стипендии што ќе им помогне на вработените во Бургер Кинг да ги остварат своите кулинарски соништа.

И иако поводот е исклучително позитивен, начинот и сексистичката објава што ја објавија предизвика лавина негативни коментари со кои се осудува овој пристап.

Leave a Reply