На 52-годишна возраст лицето ѝ е замрзнато, а нејзиниот пат го одбележале бројни падови и скандали.
Стандардите за убавина се менуваа со текот на времето, па многу девојки, следејќи ги трендовите, се подготвени да направат пластична операција.
View this post on Instagram
Инфлуенсерката од Лондон, Рејчел Еванс решила својот изглед да го прилагоди на познатата Барбика, поради што поминала низ дури 150 пластични операции кои ја чинеле повеќе од 44.000 долари.
Меѓу интервенциите што ги имала биле операција на градите (зголемување од 32АА на 32Д), операција на нос, филери за усни, подигнување на вилицата, ботокс, зголемување на образите и подигање на очните капаци.
View this post on Instagram
Сето тоа го направила за да постигне изглед на барбика.
– Секоја жена треба да биде како Барби, а ако не е така, прави нешто погрешно. Кога девојките ме осудуваат, тоа е затоа што не можат да личат на мене“, објаснува Рејчел.
View this post on Instagram
Таа гордо го носи епитетот „Најстарата човечка барбика“, а патот до оваа титула го одбележаа многубројни падови и скандали, меѓу кои особено шокантни се загубата на детето и самоубиството на нејзината сестра.
Рејчел стана една од првите жени над 35 години на британската бодибилдинг сцена.
И покрај тоа што беше подложена на пластични операции и беше роб на трендовите, нејзината животна приказна инспирираше многумина.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Рејчел е самохрана мајка на синот Рис. Таа има 52 години и успешно се бореше со тешка депресија по раѓањето на близнакот на Рис, кој почина во утробата, а по што нејзината долгогодишна врска пропадна.
– После тоа трауматично време бев скршена жена и се покажа – се присетува Рејчел, пренесува „The Sun“.
Поради стандардите за убавина кои си ги наметнала, се бореше со анорексијата, па во еден момент имаше само 45 килограми.
View this post on Instagram
Животот не бил љубезен кон неа, па во меѓувреме ја изгубила и својата сестра која извршила самоубиство.
Рејчел имаше голем број ТВ настапи, работи како модел, беше крунисана како шампион во бикини на ТФЕ над 35 години, па дури и објави книга.