Кара Хендерсон (34) од Калифорнија изгубила скоро 50 килограми. Таа се сменила толку многу што нејзините пријатели не ја ни препознале, а странци ја прашувале за совет.
Откако ја задевале на училиште за прекумерна тежина, Кара (34) цврсто решила да ослабе. Како дете, таа страдала од астма и тешко било да спортува. Како резултат на тоа, Кара се здебелила, што предизвикало да биде малтретирана како дете и таа плачела секоја вечер.
Таа се омажила во 2014 година, а после тоа заедно со сопругот се преселиле во Северна Каролина. Џејсон често отсуствувал поради работа, а Кара поминала многу време сама и била во депресија.
За да се справи подобро со депресијата, јадела брза и нездрава храна, а најтешкиот дел и бил на почетокот на 2017 година, кога имала 115 килограми и едвај наоѓала соодветна облека.
Таа година, Кара одлучила дека повеќе нема да страда поради нејзината тежина и размислила за операција за слабеење. Во јули 2017 година, Кара имала операција за отстранување на 80 проценти од стомакот, што го намалило чувството на глад. Во следните 16 месеци, Кара изгубила околу 50 килограми и сега тежи 64 килограми. Кога го добила своето второ дете, Иви (18 месеци), во 2019 година, Кара вратила дел од својата тежина, но оттогаш изгубила тежина.
Слабеењето целосно и го променило животот. Претходно, таа не можела да си игра со своите деца или да се качува по скалите без многу да се измори.
Кара верува дека операцијата ја направила подобра мајка, сопруга и пријателка затоа што сега има многу повеќе енергија. Исто така, сега планинари, вози велосипед, па дури и учи да игра голф.
Пријателите и семејството на Кара ја забележаа оваа промена и велат дека не само што изгледа неверојатно, туку има и многу поголема самодоверба отколку пред операцијата.
Сепак, Кара доби и многу негативни коментари од луѓе на нејзиниот Инстаграм кои сметаат дека сега е преслаба.