Има жена и 4 сина, се заколна дека нема да ја изневерува повеќе: Заврши во хотел со три девојки, полицијата ја прекина лудата вечер!

Сподели со своите пријатели

Пензионираниот британски фудбалер Вејн Руни (35) со љубовта од средно училиште Колин Руни (35) е во брак од 2008 година. Тие се родители на четири сина, Каи (11), Клеј (8), Кит (5) и Кас (2).

Loading...

За 13 години брак, Вејн ја изневерил сопругата неколку пати. Таа се закани дека ќе го остави и се исели од куќата, но на крајот тие останаа заедно.

Руни како да се смири во последно време, но неодамна британските медиуми објавија дека тој повторно ја изневерил сопругата.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wayne Rooney (@waynerooney)

 

Овој пат, тој се забавувал со инфлуенсерката Тајлер Рајан (21) и нејзините две пријателки. Откако се бакнувале во ноќен клуб, фудбалерот завршил во хотел со неговите пријателки.

Loading...

Бурната забава набрзо ја прекинала полицијата која дошла на повик на Вејн. Имено, девојките го снимиле ноќниот провод и го објавиле видеото на социјалните мрежи, а во едно видео, Руни лежи на подот од хотелската соба. Фудбалерот се сомневал дека го користат за промоција и дека станува збор за местенка.

Подоцна се дозна дека забавата се случила спонтано – една од девојките славела роденден во истиот клуб каде што се забавувал Руни, и тој ги поканил да му се придружат.

Родителите на девојките дадоа јавна изјава и му се извинија на фудбалерот за непријатностите и однесувањето на нивните ќерки.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wayne Rooney (@waynerooney)

Leave a Reply