China Eastern Airlines денеска објави дека има жртви во падот на нивниот авион Боинг 737.
Сепак, тие не наведоа колку луѓе загинале или дали има преживеани.
– Компанијата изразува длабоко сочувство до патниците и членовите на екипажот кои загинаа во авионската несреќа – се вели во соопштението на компанијата.
САМО ПРАШИНА: Фотографии пред и по бомбардирањето на трговскиот центар во Киев (ФОТО)
Да потсетиме, Боингот 737 на кинеската авиокомпанија China Eastern Airlines, во кој имаше 123 патници и девет членови на екипажот, се урна на југот на Кина во регионот Гуангкси.
Авионот паднал во шумата, во тешко достапно место, поради што противпожарните служби имаат бројни проблеми при приближувањето до местото на несреќата.
Пожарникарите ја започнале акцијата со 25 камиони, но патот до местото на несреќата не бил прооден за возила, па пожарникарите пеш се упатиле кон руината и го изгаснале пожарот кој ја зафатил шумата.