Џуди Исмаили Аоуд, девојче од Сирија кое има само осум години за време на спортски настан во Дамакс со својата коса успеала да повлече два мотори со возачи и помине далечина од 50 метри.
Пред почетокот на трката, таткото на девојчедо Адам Исмаил Аоуд ја врзал нејзината коса со јаже за кука, која подоцна ја прицврсти за два мотори на кои се наоѓаа возачите.
Аднан на новинарите им рекол дека неговата ќерка тренира од својата шеста година, всушност, тогаш прв пат ја забележал необичната сила на својата ќерка.
Кога мојата ќерка наполни шест години забележав дека е доста силна и почнавме заедно да тренираме, влечевме 100 килограми по 50 метри, па потоа преминавме на тежина од 450 килограми. Како што можевте да видите, таа успеа да влече два кинески мотори 50 метри – вели гордиот татко.
Исмаил нема намера тука да застане со постигнувањата на својата ќерка, туку планира да продолжат со тренинзите.

