Има милиони на сметка, а на сопствените деца нема да остави ништо од неговото богатство

Сподели со своите пријатели

Легендарниот американски кошаркар Шекил О’Нил има околу 400 милиони долари на сметката, а во подкаст неодамна изјавил дека тоа не значи дека неговите деца се подеднакво богати.

Loading...

Фокс известува дека О’Нил јасно кажал што сака да ги научи своите шест деца.

„Ми се лутат поради целата ситуација, но тоа е затоа што не разбираат за што зборувам. Цело време им велам на децата дека „не сме богати, туку „јас сум богат“, “ изјави познатиот кошаркар. Тој посочи и како им оставил можност на децата да ги добијат неговите пари.

 

 

Тој вели дека треба да му покажат диплома и да започнат сопствен бизнис. Доколку сакаат тој да инвестира во нивниот бизнис, ќе мора да му го претстават проектот и да го убедат дека е профитабилен. Кошаркарот не го интересира што сакаат да прават неговите деца, туку сака да ги научи да ги ценат парите.

Шекил О’Нил заработил милиони долари во својата долга кариера во НБА лигата, а уште повеќе заработи откако се пензионираше. Започнал своја линија на патики, инвестирал во бројни проекти, а меѓу другото е и кошаркарски аналитичар.

Loading...

О’Нил неодамна изјавил и како ја завршил кариерата како ѕвезда. „Познатите деновиве лудуваат поради неважни работи и јас не сакам да бидам дел од тоа. Се откажувам од статусот на ѕвезда, ми се гади од тоа“, изјавил тој минатиот месец.

Кошаркарот сака да биде познат по својата дарежливост, но далеку од камерите и кошаркарскиот терен.