Еден пар, со разлика од 30 години, изјавил дека им е доста од луѓето кои постојано ги критикуваат и навредуваат. Заедно имаат едногодишно дете и велат дека се многу среќни заедно. Тие редовно објавуваат видеа и фотографии на социјалните мрежи, а жената неодамна објави видео за претпоставките што луѓето ги имаат за нив и одговори на прашањата што често им ги поставуваат, пишува The Sun.
Во видеото таа поставува прашања и одговара, а првото прашање е „дали е со него за парите“, на што таа веднаш одговара дека не е. Второто прашање, кое и е особено смешно, е „дали бракот им е договорен“, на што и таа одговара негативно.
– Многу луѓе сакаат да претпоставуваат дека имам некоја траума од детството и дека тоа ме навело да се заљубам во постар маж, но тоа не е така. Се запознавме на интернет и само се заљубивме – изјавила таа.
Таа исто така објасни дека нејзината мајка секогаш била грижлива, а ја воспитувале нејзиниот татко и очувот, кои исто така и биле прекрасни.
Рекла и дека ја научиле да најде партнер во животот со кој ќе може да сподели се и со кој ќе има љубовен однос. Иако многумина ги осудуваат поради оваа разлика во годините, видеото доби многу повеќе коментари на поддршка.
– Луѓето сакаат да навредуваат и напаѓаат други, не знам зошто твојата љубов некому му претставува проблем – напишал еден корисник.
– Не грижете се за негативните коментари. Познавам многу парови со голема разлика во години кои искрено се сакаат, а верувам дека е така и со вас – додаде друга.