Има 90 години и патува сама низ светот, затоа што за животот никогаш не е доцна (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На 83 години одлучила да го започне своето патување низ светот. Руската баба Јелена Јеркова одлучила својата старост да ја проживее на најдобар можен начин. Често е на пат, а за претходните седум години ги посетила Кина, Виетнам, Турција, а следната на нејзината мапа е Доминикана.

https://www.instagram.com/p/BizNoN7FG9Q/?utm_source=ig_embed

Loading...

Сите свои патувања таа уредно ги документира на својот Инстаграм профил, а при правањето и неговото водење и помага внукот.

Одлучила да патува кога имала 83 години. Има пензија, но не и била доволна за оваа авантура па долучила пари да собере така што ќе работи дополнителна работа и затоа одгледува цвеќе и поправа облека. Оваа работа секако се исплати затоа што бабата е многу активна и планира нови патувања.

https://www.instagram.com/p/BeM8_MUFnhr/?utm_source=ig_embed

Нејзината пензија е зголемена поради нејзината служба во Втората светска војна и месчно за патувања издвојува околу 10.000 рубљи.

Баба Лена, како ја нарекуваат е многу отворена и друштвена, па на своите патувања секогаш запознава нови луѓе у пробува нови работи така да со својот дух плени и отскокнува од своите врсници.

https://www.instagram.com/p/BSjULmVjNRn/?utm_source=ig_embed

Ги посетила Виетнам, Израел, Чешката Република, Германија и Турција.

– Патувањата за мене се нов живот, нови луѓе и состаноци. Посебно задоволство е да се види како луѓето поздравуваат и како се однесуваат едни кон други. Најважна работа која ја научив за животот е дека постојат многу фантастични луѓе во различни земји. Нема ништо од што треба да се плашите, пишува на нејзиниот Инстаграм профил.

https://www.instagram.com/p/BN1aeWgjYAZ/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply