-Повеќето жени ја губат невиноста во средно училиште, но за мене тоа беше страшно. Бев совршено среќна што можев да си одам дома и да гледам телевизија после училиште – изјавила Мишел во емисијата „Дневниците на Девиците“ на телевизијата TLC.
Мишел во животот бакнала само двајца мажи, излегувала на состанок само три пати и никој никогаш не и рекол дека ја сака. Таа никогаш не ја дочекала Новата година со маж, ниту пак водела љубов. Мишел е девица на 42 години.
Сепак, таа не се откажа од наоѓање партнер, но признава дека едноставно „заборавила“ да ја изгуби невиноста.
– Отсекогаш сум била несоцијална, Младите најчесто одат на факултет, јас не, најсреќна бев кога гледав телевизија со мајка ми за викендите или заедно подготвуваме ручек – изјавила Мишел.
Бакнала само двајца мажи и, како што вели, ниту еден никогаш не видела гол.
– Се обидов да имам врска, но тоа беше голема работа. Кога требаше да бакнам маж, на крајот на вечерта толку се исплашив, што буквално повраќав – открила таа.
Мишел е убедена дека токму овој недостаток на сексуално искуство, и затоа што го крие, е причината поради која има толку ниска самодоверба. Така таа приреди забава за пријателите и семејството и им ја откри оваа тајна.
-Се надевам дека објавувањето на вистината ќе побуди интерес, дефинитивно не планирам да умрам како девица. Мислам дека повеќе се плашам да го признаам овој факт отколку од самата интимна врска – изјавила таа пред забавата.
На нејзино изненадување, нејзините пријатели и семејството со ентузијазам ја дочекаа веста, а некои мажи и рекоа дека ја сметаат нејзината невиност „се*си“.