Има 41 година и ги тужел родителите оти не сакале да го издржуваат повеќе

Сподели со своите пријатели

Во бизарен случај, пред суд се нашле родителите на син (41) кој има завршено универзитет во Оксфорд, но бара таткото и мајката и натаму да го издржуваат.

Loading...

Во невообичниот случај во Велика Британија, 41-годишен невработен дипломец од Оксфорд ги доведе своите родители на суд во бизарен обид да му помогнат финансиски цел живот.

И покрај тоа што има дипломирано правни науки на престижниот универзитет во Оксфорд, 41-годишниот Фаиз Сидики тврди дека е целосно зависен од неговите родители кои живеат во Дубаи.

Во судските документи кои се појавија во медиумите, Сидики се опишува себеси како „ранливо“ возрасно дете со здравствени проблеми и тврди дека со престанување на издршката, неговите богати родители ги кршат неговите човекови права, пренесува Одити Централ.

Дипломираниот правник кој не работи од 2011 година, живее бесплатно во стан вреден 1,14 милиони долари во сопственост на неговата мајка Раксанда (69) и таткото Јавед (71) во Хајд Парк, Лондон.

Покрај тоа, неговите родители му ги плаќаат сметките и му даваат 550 долари џепарлак неделно, но тие се заканиле дека ќе престанат да го финансираат поради сериозна кавга што ја имале.

„Неговите родители, кои страдаат подолго време, имаат свој став за тоа што е соодветно за нивниот тежок, мачен и упорен син“, изјави за „Сан“ адвокатот на родителот Џастин Варшава.

Ова не е првпат Фаиз Сидикви да се појавува во медиумите. Пред неколку години заврши во вестите бидејќи го тужеше Универзитетот во Оксфорд, тврдејќи дека институцијата не му обезбедува соодветно образование, што наводно го спречувало да добие првокласна диплома и влијаело на неговата правна кариера.

Loading...

 

A 41-year-old unemployed #Oxford graduate is suing his parents in the hopes of them paying his ‘maintenance’ for life….

Posted by Newsie on Tuesday, March 9, 2021

 

Тој ја процени загубата на 1,4 милиони долари, но судијата го одби неговото барање.

Сидикви, кој работел во неколку правни фирми до 2011 година, минатата година поднел тужба против неговите родители барајќи алиментација, но бил одбиен од судија на семеен суд.

Сега е упатен до Апелациониот суд и се смета за значаен случај што може да влијае на правата на секој родител од Велика Британија.

Сега тој се жали на пресудата и сите погледи се насочени кон тој случај, бидејќи тој би можел да направи преседан за другите родители.

Leave a Reply