Има 26 години и веќе може во пензија: Финансиски сум независна и не мора да работам ниту ден повеќе

Сподели со своите пријатели

За една тиктокерка изгледа дека речиси пристнга денот кога може да престане да работи, а таа објасни како е можно да се пензионира на само 26 години.

Loading...

Тори Данлап, блогерка од САД, објави видео кое открива три правила кои ги следела за да си ги подобри финансиите.

Како што рече во видеото што го објави, таа е „финансиски независна и не мора да работи ниту еден ден во животот ако не сака“.

Нејзиниот совет вклучува секогаш да преговарате за висината на вашата плата и да започнете споредна работа веднаш до главната.

Тори вели дека инвестира, но тоа не треба да се прави без соодветно истражување, бидејќи вашите пари може да растат и опаѓаат.

– Секогаш мора да бидете подготвени да изгубите пари доколку инвестирате, бидејќи профитот не е загарантиран. Времето е на ваша страна, затоа почнете да инвестирате ако веќе не сте инвестирале или зголемете ги вашите придонеси ако веќе имате – вели таа.

Таа понатаму наведува дека „мора да договорите плата кога сте некаде вработен“ и дека „никогаш не останала на работа каде што не била соодветно платена“.

– На крајот, овој бизнис во кој заработувам многу пари почна како споредна работа. Тоа го работев со мојата главна работа, што ми овозможи да ги заштедам сите дополнителни приходи – открива Тори.

Loading...

Заклучува дека сè уште не сака да се пензионира, но дека е одлично чувството да се знае дека тоа може да го направи ако сака.

Сепак, вакво нешто генерално е полесно да се каже отколку да се направи, а колку пари ви се потребни за пензионирање најмногу зависи од тоа каков начин на живот сакате да водите, пишува Mirror.

 

@herfirst100k take my free money quiz in my bio for personalized resources! #financetiktok #moneytiktok #budgeting #debtfree #feminist #careergoals #retireearly ♬ Cooking – Oleg Kirilkov