Младата мајка Џејда (22), домаќинка, собра милиони прегледи на TikTok, благодарение на скапоцените подароци што ги добива од нејзиниот сопруг.
Во едно видео, таа прикажа луксузен автомобил од марката „Мерцедес“, кој чини повеќе од 100.000 евра, со опис:
„Кога на 22 години ќе ве направат домаќинка каква отсекогаш си сакала да бидеш“.
Имено, тоа не е единствениот луксузен автомобил што го добила од нејзиниот сопруг, во второто видео прикажува бел „Ренџ Ровер“ со црвена машна прикачена на него.
Покрај тоа, Џејда ја пофали чантата „Луј Витон“, со која коментираше дека нејзиниот сопруг „цени колку се трудам како домаќинка“.
Гламурозната мајка, исто така, се пошегува дека нејзиниот партнер е нејзиниот единствен пријател, но бидејќи мора постојано да работи, тој ѝ го „подарил“ нивното бебе како негова мини верзија.
Многумина во коментарите истакнаа дека многу луѓе се љубоморни, додека некои го критикуваа нејзиниот начин на живот.
„Жално е да гледаш како некој друг ги живее твоите соништа“, „Премногу љубомора во коментарите“, ѝ пишуваат следбениците.
@jadadestReply to @ayannaw05 He loves that I’m a SAHM by choice🥰 #momsoftiktok #mom #sahm #carsoftiktok