Манприт Синг изгледа како шестмесечно бебе иако веќе три години е полнолетен. Лекарите се збунети, но мислат дека причината за болеста е штитната жлезда. Мештаните пак веруваат дека тој е божество.
Манприт Синг престанал да расте уште како бебе и денес изгледа како да има шест месеци. Живее во индиската држава Пунџаб, висок е само 60 сантиметри, а верува дека со тоа држи рекорд за најнизок маж во светот. Бил здраво бебе, о тогаш одеднаш престанал да расте. Поради тоа во Индија го слават како реинкарнација на Бог.
Loading...
Кога наполнил 12 години, луѓето започнале да доаѓаат кај него по благослов. Родителите Џагтар Синг и Манџит Каур велат дека се сиромашни и мислат дека на својот син не можеле да му овозможат прописно лекување. Велат дека момчето било прегледано од пет или седум лекари и дека сите рекле дека има проблеми со штитната жлезда и дека не можат да му помогнат. Родителите велат дека лекарите му дале многу лекови, но дека ништо не се променило. Манприт не може да зборува, ниту да оди без помош на другите, но сепак ги развеселува сите мештани.
Семејството се надева дека, откако приказната ќе го мине светот, ќе соберат доволно пари за неговото лекување. Хемрај, локален лекар кој се грижи за Манприт, смета дека неговата состојба е предизвиката поради болест на штитната жлеза. Додава дека тоа е прв такој случај со кој се сретнал, но вели дека денешната медицина е многу унапредена па мисли дека ќе може да се изнајде лек за Манприт.