Има 19 години и наскоро ќе го има четврто дете: „Хејтерите ми ги плаќаат сметките“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тинејџерка која веќе има три деца, а е бремена со четврто, стана мета на бројни критичари преку социјалната мрежа.

Loading...

Младата жена по име Клер преку својот профил на TикТок се фали дека е среќно мажена, има свој дом и се чувствува благословено. Обраќајќи им се на своите следбеници, таа им возврати на критичарите, објаснувајќи дека „оние кои ја мразат и плаќаат сметки“.

Признавајќи ја својата животна приказна, таа рекла дека го родила синот Лук кога имала 18 години, а неговиот татко починал. Кога Лук имала 3 или 4 месеци, го запознала сегашниот сопруг и многу брзо потоа се венчале.

 

 

„Помеѓу нас има разлика во возраста и затоа сум толку мета на хејтерите. Моментално сум бремена во 5-ти месец и ја носам ќерка ми. Тој има две деца од претходниот брак, син и ќерка“, вели Клер.

„Имам 19 години и наскоро ќе имам 4 деца и имам сопруг и го обожавам мојот живот“, рече таа, тврдејќи дека е далеку од несреќна.

Loading...

Во друго видео таа објави дека „на 19 години веќе имам отплатен автомобил, куќа, исполнето семејство“.

Бројни луѓе продолжиле да бидат сурови со коментарите и покрај нејзините објаснувања за тоа како води среќен живот. Едно лице напиша: „Во ред, за 10 години ќе погледне наназад и ќе сфати дека го потрошила своето време“.

„Кутро девојче, толку многу ти недостига“, додаде друг.

Една од корисниците отишла дотаму што тврди дека си го „уништила животот“.

Има и такви кои ја поддржаа: „Зошто толку омраза? Ми се чини дека и оди доста добро“.

 

https://www.tiktok.com/@mamaclaire00/video/7033826559429512495?is_copy_url=0&is_from_webapp=v1&sender_device=pc&sender_web_id=7018437766186927621