Има 16 години и го напуштила училиште за да биде инфлуенсерка: Еве што вели нејзината мајка за оваа! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Девојчето, кое го напуштило училиштето на 16-годишна возраст за да стане инфлуенцерка, вели дека нејзината мајка ја поддржала во таа одлука, но сите други „фрлаат камења и плукаат“.

Loading...

Кристен Скот е 16-годишно девојче кое одлучи да го напушти училиштето и да ја „брка“ кариерата на Тикток. Моментално има повеќе од 700.000 следбеници на таа социјална мрежа, но се соочува и со бројни негативни коментари.

„Не разбирам зошто луѓето мислат дека тоа е лоша работа. Имам квалификации, но луѓето мислат дека социјалните медиуми нема да траат вечно и дека е глупаво да се напушти училиштето”, рекла таа.

„Дури и да не успее, можам да се запишам на колеџ во секое време. Мислам дека луѓето сакаат да се мешаат во се, особено во образованието”.

Мајката на Кристен, Елизабет, ја поддржа својата ќерка да стане инфлуенцерка и потпиша документи за тинејџерката да го напушти училиштето.

 

@.kristenscottliving my best life darlingg♬ romanticize that jealousy jealousy life – cynthia 🌟🦋

 

Loading...

„Дали ја правиме вистинската работа или не? Претходно оваа година стана прилично јасно дека ова може да биде нејзина работа.

Иако сака да биде инфлуенсерка, Кристен признава дека понекогаш и е тешко да се соочи со нејзината негативност.

“Мислам дека навистина треба да имаш тврда кожа за тоа. Морав да се справам со многу грда работа во овие рани, тинејџерски години, поради социјалните медиуми”.

Оваа девојка вели дека буквално плукале по неа на улица, но и дека странците вербално ја малтретирале, и дека луѓето не разбираат колку е тешка работата на инфлуенсер.

Сепак, таа вели дека тоа нема да ја спречи, и дека е горда што веќе има толку голем број следбеници за само 16 години.

“Сакам да го живеам животот како што сакам, не ми е грижа што мислат другите. Ако не им се допаѓа, тие се во загуба”, вели таа.

 

@.kristenscottsome men mannn🤢♬ original sound – kristen scott❤️

Loading...

Leave a Reply