Оваа година, Чарли Дамелио се најде на списокот на 100 млади луѓе на кои треба да обрнат внимание, оние инспиративни луѓе кои ја кројат иднината.
На 16-годишна возраст, таа е најмладата личност на списокот, а уредникот на изданието, Дан Масаи, истакна дека скоро сите што биле на списокот некогаш го смениле текот на историјата.
View this post on Instagram
Текстот за младата sвезда на ТикТок го напиша Џенифер Лопез, која имаше само пофални зборови.
„Кога ја сретнав Чарли на Супербол, во неа ја видов искрата што ја имаме ние забавувачите. Се чувствував како да сме роднински духови“, започна Џеј Ло.
View this post on Instagram
„Кога Чарли танцува, таа се поврзува. Таа во моментов е најголемата нова тинејџерска sвезда и не е само уште една што танцува на ТикТок. Таа е најдобра во тоа“.
„Кога танцува, луѓето сакаат да бидат како неа. Нејзината автентичност се гледа преку екранот. Огромна е одговорноста кога сте толку славни“, продолжи таа.
View this post on Instagram
„Со секој нов следбеник или видео што носи милиони прегледи, Чарли покажува дека деновите на чекање некој да ги открие вашите таленти завршиле. Ако го направите тоа како Чарли, тие ќе излезат на виделина“, заклучи Џеј Ло.
View this post on Instagram