Има 103 години и ожени 73 години помлада жена: Венчавка која крена прашина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Од минатиот месец, индонезиските социјални медиуми се преплавени со објави за контроверзната венчавка во Јужен Сулавеси, каде што 103-годишен холандски ветеран од колонијалната војна неодамна се ожени со 30-годишна жена.

Loading...

Фотографиите и видеата на парот од нивната венчавка предизвикуваат бес и шеговити коментари на социјалните мрежи повеќе од една недела.

Имаше и такви кои не можеа да поверуваат дека венчавката е вистинска, но неколку индонезиски весници потврдија дека 103-годишниот Пуанг Кејт се оженил за 30-годишната Ала Аланг во областа Сива.

Младоженецот, кој наводно е вдовец, се борел во холандската колонијална војна (1945 – 1949), пишува Oddity Central.

– Да, тоа е вистина. Венчавката се случи попладнево во куќата на невестата на улицата Јалан Галицо – изјави братучедот на младоженецот Ају Ангрени Мухтар.

– Не му ја знам точната возраст, но дефинитивно има над 100 години, тој е холандски колонијален воен борец. Неговата сопруга е уште во дваесеттите години – вели тој.

Tribunn News подоцна ја откри вистинската возраст на младенците, а разликата од 73 години шокираше многумина во оваа азиска земја.

 

Loading...

https://youtu.be/nvjClr1ofpg