Џулија Хокинс, 103-годишна Американка, активно се трка и освојува златни медали, а поради нејзината брзина и умешност, таа го добила прекарот Ураган.
Во 2017 година, поставила светски рекорд со одличен резултат на 100 метри.
Хокинс верува дека на нејзина возраст, секој ден е посебен, таа е исклучително благодарна за секое ново утро и затоа останува позитивна и подвижна.
„Тајната на мојот долг живот се моите страсти. Страста е она што ме тера да продолжам понатаму. Ваквите работи едноставно ве натераат да сакате да живеете и сакате да работите. Излезете од куќата, тргнете се, запознајте нови луѓе и правете нешто ново секој ден“, рече Џлија Хокинс.
Според неа, таа редовно оди на претстави, мјузикли и во црква. Се смета себеси за авантуристички дух и сака да ги испроба сите спортови и активности со кои може да се соочува, јавуваат американските медиуми.
Џулија има четири ќерки, три внуци и три правнуци. Покрај трчањето, таа е исто така многу успешна во велосипедизмот. Во неколку интервјуа, таа посочи дека не поминал ден кога не возела велосипед или трчала и дека секогаш уживала во спортот.