Илон Маск станува најголемиот акционер на Твитер откако презеде 9,2 отсто од акциите

Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на Тесла, Елон Маск, презел 9,2 отсто од акциите на Твитер, се вели во документ доставен до Комисијата за хартии од вредност на САД.

Loading...

Најбогатиот човек на светот купи речиси 73,5 милиони акции на компанијата „Твитер“, кои поскапеа за 26% на берзата, речиси веднаш откако Маск објави на Твитер дека „сериозно размислува“ да основа нова социјална мрежа.

 

 

Зголемена е и вредноста на акциите на другите друштвени компании, вклучувајќи ги Мета и Снапчет.

Маск поседува 73,5 милиони акции на „Твитер“, кои според податоците од затворањето на берзата во петокот, неговиот пасивен дел во компанијата се проценува на 2,9 милијарди долари. Акциите се на отповикливата доверба на Илон Маск.

Маск, инаку многу активен твитерџија. Тој има над 80 милиони следбеници на оваа социјална мрежа откако се приклучи во 2009 година и ја искористи оваа платформа за да објави неколку важни деловни одлуки.

Loading...

Меѓутоа, во последно време тој ја критикуваше платформата и нејзините политики, велејќи дека ја поткопува демократијата со тоа што не се придржува до принципот на слобода на говор.

 

 

Маск и ко-основачот на Твитер, милијардерот Џек Дорси, беа прилично согласни околу отфрлањето на таканаречениот Web3, нејасен термин за утописката верзија на децентрализираниот Интернет.twi